Извештајот на Европската комсија шретставува една рентген слика на тоа каква е состојбата во општеството, во Македонија денес, и на повеќе од стотина страни се анализираат аспекти на македонското општество, на македонската политика, македонските институции, изјави во четвртокот Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето о утринската емисија на Алфа телевизија и посочи дека Извештајот треба да се гледа во перспектива
„Наша анализа направена во овие два дена покажува дека извештајот укажува дека сѐ уште не сме си ја завршиле домашната задача. Политички, со договорите коишто се потпишаа (со Грција и Бугарија – з.р.), власта успеа да стане некој вид милениче на некои од странските дипломати, но во трите години на власт, таа заборави на клучните структурни проблеми во државата“, истакна Андоновски.
Додаде дека структурни и клучни проблеми се оние проблеми со коишто граѓаните во Македонија се соочуваат секој ден.
„Проблемот првенствено е во корупцијата, којашто во овој Извештај го зазема највисокото место на критиката. Вториот сериозен проблем е реформата во јавната администрација, којашто, исто така, е проблем затоа што не е сервис на граѓаните. Не нуди услуги. Тука се и ред други домашни задачи коишто власта очигледно не им посветила воопшто доволно внимание. И како еден најголем проблем за којшто треба многу да внимаваме во наредниот период особено заради КОВИД кризата е проблемот со економијата на кои особен акцент се става во самиот Извештај“, нагласи Андоновски.