Млад скопјанец тешко повреден по пад од мотоцикл

Дваесет и четиригодишен скопјанец е тешко повреден откако во средата рано попладнето имаал незгодата на булеварот „Алескандат Македонски“.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околи 15 часот, кога 24-годишниот В.Б. кој управувал мопед „пиаџио“, со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.