Делови од Бутел утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 09.10.2020 година ( петок ) поради технички зафат во пумпна станица Бутел, во периодот од 10.00 до 12.00 часот, без вода ќе останат корисниците од населба Бутел и објектите на ЕВН, фурна Диме, сервис Порше лоцирани на бул. Босна и Херцеговина. ( општина Бутел )