Среде корона-пандемија, шест медицински сестри отпуштени од работа

Шест медицински сестри во Здравствениот дом во Битола, меѓу кои и трудница во патолошка бременост се отпуштени од работа, иако во оваа здравствена установа има недостиг од медицински кадар, објави Плусинфо.

Медицинските сестри без работа останале, ниту по своја вина, ниту по барање на раководниот кадар во битолскиот Здравствен дом кој кубури со медицински персонал, туку поради пресуда на Апелацискиот суд во Битола донесена на 16 јули годинава.

Директорката на Здравствениот дом на 20 јули годинава ја поништила одлуката за избор на кандидати за работа на неопределено работно време на медицински сестри од огласот за вработување објавен на 30.10.2018 година за шест сестри од вкупно девет вработени. Датумите кога биле донесени пресудите прво на Основниот суд во Битола, а потоа и на Апелацискиот, во овој случај ги демантираат сите критики дека судството бавно ги носи одлуките зашто очигледно е дека не се губело многу време кога требало да се избркаат медицинските  сестри. Пресудата на Основниот суд во Битола е од 12 март годинава, а пресудата на Апелациониот суд во Битола заведена под број РОЖ 193/20 е од 11 и 16 јуни. По речиси еден месец медицинските сестри ја изгубиле работата.

 

Целиот текст прочитајте го на Плусинфо