Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека денешниот број на новозаболени со ковид-19 изнесува 364 лица.
– Вчера забележавме најголем број на нови случаи 317, неколку денови наназад бројот на новозаболени се движи околу 200, додека денеска имаме 364 лица кај кои е регистриран ковид-19 – изјави Филипче.