
Австрија во четвртокот го пријави досега најголемиот број заразени со новиот коронавирус – 1.209, покажуваат владините показатели , додека значително ослабува поддршката за рестриктивните мерки.
Стапката на заразите оваа есен е повисока отколку пред воведвуањето на крантинот во март кога беше прогласена за да се запре епидемијата, а пота на пролет беше укината, со просечно 910 заразени во 24 часа во последните седум дена, наведуваат здравствените власти.
Владата потполни не ја исклучува можноста од нов карантин, но министерот за здравство Рудиклг Аншобер реле ова седмица дека ова прашање не е актуелно, истакнувајќи дека само 5 отсто од креветите на одделите за интензивна нега се исполнети во земјата со 8,8 милиони жители.
Носењето маски во Австрија е задолжително во продавниците и се применуваат различни мерки на социјално дистанцирање кои постојано се преиспитуваат.
Повеќе земји, меши кои и Германија од каде што доаѓаат речиси 40 отсто од туристите во Австрија, издадоа предупредувањето за своите државјани за патувањата која е популарна туристичка дестинација поради својата културан и спортска понуда.
Само 53 отсто од жителите со постојан престој во Австрија сметаат дека владата добро управува со кризата, се наведува во анкетата на Gallup спроведена на интернет на почетокот од октомври на примерок од 1.000 репрезентативни лица кои ја претставуваат австриската популација. При носењето на епидемиолошката мерки стапката на поддршката беше 91 отсто.
Во четвртокот се пријавени вкупно 52.271 случај на заразата од избувнувањето на памдемијата во Автрија и 853 починати.
И соседна Словенија, земја со два милиони жители, пријави рекорд од 387 нови случаи на заразата, па владата објави дека ги ограничува јавните собири на десет луѓе. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно над 7.500 случа на заразата и 160 починати.
Во Унгарија, пак, дневниот број починати во средата достигнал ново и засега енормно ниво од 24 починати, со што вкупниот број смртни случаи во четвртокот се искачи на 898. Унгарија, со 9,7 милионско население, забележала и нови 816 случаи на коронаинфекции во последните 24 часа, односно вкупно 34.046 сличаи.
Во Романија која има околу 25 милиони жители, исто така е забележан најголемиот дневен број на заразите – 3.130 случаи, покажуваат податоците на владата во Букурешт, од вкупно 145.700 случаи и 5.247 починати кај кои смртта се поврзува со Covid-19.