Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека ги прифаќа критиките на комесарот за проширување, Оливер Вархеи, кои беа упатени кон него, пренесоа „Вијести“.
По средбата со Вархеи, Вучиќ рече дека критиките биле насочени кон „користење на функцијата претседател на државата, со што ги придобил граѓаните на Србија за партискиот список кој го предводел“.
„Не е важно, ќе одговорам на тоа кога ќе дојде време. Ја прифатив целата вина и реков дека сум одговорен и подготвен да сносам какви било последици“, рече претседателот.
Според него, европските даночни обврзници ќе инвестираат многу пари во регионот, наведувајќи дека за Србија, проектот од најголемо значење е комплетна интернет-мрежа за руралните области и компјутери во сите селски училишта.
Тој изјави дека вредноста на тој проект е околу 73 милиони евра.