По претставувањето на спотот за насловната Џејмс Бонд песна „No Time To Die“, за сите љубители на Били Ајлиш пристигна одлична вест, а станува збор за онлајн концерт.
Пејачката денес го најави „Where Do We Go The Livestream“ концертот, кој ќе биде одржан на полноќ меѓу 24-ти и 25-ти октомври.
Сите сопственици на билети за концертот ќе имаат прилика самиот настап да го премотуваат во наредните 24 часа, а билетите веќе се пуштени во продажба.
Својот прв студиски албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“, Били го објави во март минатата година, а оттогаш буквално се за неа беше неверојатна авантура, започнувајќи од реакцијата на публиката на дебитантското издание, преку 5-те Греми награди и новите остварувања, па се до фактот дека таа стана најмладиот изведувач на Џејмс Бонд нумерата досега, и тоа за јубилејното 25-то продолжение на филмот.