
Светската програма за храна (WFP), која е агенција на Обединетите нации, е добитник на годинешната Нобелова награда за мир „за своите напори да спречи гладта да стане оружје на војни и судири“, објави во Осло во петокот Норвешкиот комитет за доделување на ова признание.
„Излгаднувањето на населението за да се освои територија е едно од најстарите воени оружја. Врската меѓу гладта и воените е маѓепсаниот круг на злото. Војната предизвикува глад, исто како што и недостигот од храна може да поттикне или разгори судири. Никогаш нема да ја оствариме целата да ја искорениме гладта, доколку не ги искорениме војните“, изјави претседателката на комитетот, Берит Реис-Андерсен.
Станува збор за дванаесетта Нобелова награда во историјата доделена за некоја организација на ОН или за личност поврзана со светската организација.
Агенцијата Светска програма за храна, основана во 1961 година во Рим, е финанисирана исклучиво со доброволни донации, и е најголемата светска хуманитарна организација која минатата 2019 година со храна помогнала 97 милиони луѓе во 88 земји.
Иако станува збор за високи бројки, тоа се само дел од светските потреби. Според процените на организацијата, која храната ја доставува и со хеликоптери но и со слонови и камили, секој 11-ти жител на светот, или 690 милиони луѓе, се хронично гладни.
„Ова е момент на гордост за WFP“, изјави портпаролот на организацијата, Томас Фири.
Организацијата успеа да продолжи со испораки на храна во текот на целата година, иако поради пандемијата многу се ограничени во движењето и патувањата.
„Во еден момент бевме најголемата воздухопловна компанија во светот, бидејќи повеќето комерцијални, ако не и сите, беа приземјени“, рече Фири.
Имајќи предвид дека пандемијата би можела да го зголеми недостигот од храна во светот, Нобеловиот комитет ја повика меѓународната заедница да го помогне WFP кој хронично е недоволно финансиран,.
„Обврската на сите земји во светот е да обезбедат луѓето да не гладуваат. Пандемијата покажа дека мултилатералната соработка е апсолутно неопходна за фаќање во костец со глобалните предизвици, а се чини дека мултилатеризмот овие денови не е доволно почитуван“, истакна Берит Реис-Андерсне.
Во 1961 година WFP е основана како дел од експериментто за обезбедување помош во храна преку Обединетите нации. Во 1963 година организацијата ја започнува својата прва програма за развој во Судна, а во втеме на големата глад од 1983 до 1985 година во Етиопија се доставени 2 милиони тони продукти за тамошното население. Во 1992 година во Југославија зафатена со војни и распаѓањето, оваа организација ја изведе и првата поголема операција за помош во Европа.
Во 2000 година беа усвоени Милениумските развојни цели, првиот глобален план за свет ослободен од сиромаштојата, глад и придружни болести. Помошта за овој проект се обезбедува и преку директни придонеси и преку ваучери. Фокусот на WFP е насочен кон Стратешкиот план, кој се ревидира на секои четири години. Во ноември 2016-та извршниот одбор на организацијата го усвои Планот за периодот 2017/2021 година, кој како приоритет го идентификува елиминирањето на гладта и за таа цел организирањето партнерства
Годинава 211 личност и 107 организации, односно вкупно 318 кандидати што е една од најголемите бројки во историјата на Нобеловата награда за мир. Досега рекордна според номинациите беше 2016 година, кога разни организации објавија дека номинирале 376 кандидати.