Фаучи смета дека терапијата со антитела веројатно му помогнала на Трамп

Главниот американски стручњак за заразни болести, Ентони Фаучи, изјави дека на американскиот претседател Доналд Трамп веројатно му помогнала експерименталната терапија со антитела во лекувањето од Covid-19.

Во текот на тридневната хоспитализација во воената болница крај Вашингтон Трамп го добивал антивирусениот лек „ремдесивир“, потоа експерименталниот препарат за антитела „Regeneron’s REGN-COV2“, како и цинк, витамин Д, фамотидин, меатонин и „аспирин“, а подоцна беше кажано дека примал и кислород и корикостероид дексаметазон.

Фаучи зборуваше за коктелот антитела на биотехнолошката компанија „Regeneron Pharmaceuticals“, кој содржи моноклонски антитела слични на оние кои ги произведува човековиот организам. Прехотно британски The Guardian објави дека овие антитела биле добиени од човечки тела добиени од абортиран фетус, алудирајќи на противењето на Трамп и неговите републикнаци на абортусот.

„Постои многу добра можност дека тоа многу му помогнало“, изјави Фаучи во текот на интервјутот за телевизиската мрежа MSNBC. Во четвртокот вечерта.

Препаратот е во третата фаза од испитувањат, а податоците од минатата седмица покажуваат дека пациентите со поблага форма на болеста побрзо закрепнале од Covid-19, доколку го земачле пред да развијат сопствени антитела.

Во интервјуто за MSNBC, Фаучи рече дека терапијата можеби придонела за „значителна промена“ на состојбата на Трамп, но предупреди дека не треба да се нарекува „лек“, како што тоа го стори американскиот претседател.

Според досегашните сознанија, терапијата со „Regeneron’s REGN-COV2“ спрелува вирусот да е врзе со клетките, да продре во нив и да се размножува, и му помага на имунолошкиот систем да го нападне и убива вирусот.

Фаучи, кој е директор на американскиот Национален институт за алергии и заразни болести, исто така, рече дека пандемијата на Covdi-19, која во САД однесе над 210.000 животи и повеќе од милион во светот, е многу посериозен од сезонскиот грип.

„Нема сомневања во тоа“, рече Фаучи кога беше прашан да го коментира твитот на претседателкот Трамп во кој болеста ја спореде со сезонскиот грип. Подоцна Twitter ја отстрани оваа објава како неверодостојна.

Споменатот коктел од моноклонални антитела, Трамп го добил во инфузија од осум грама. Матичните клетки што се користат за развој на лекот се познати како клетки HEK-293Т и првично биле извлечени од бубрег на ембрион по абортус извршен во Холандија во 1970-те години.

Трамп постојано се обидува да го ограничи пристапот до абортус, а еден од неговите последни обиди е да ја номинира конзервативната католичка судијка Ејми Кони Барет за Врховниот суд. Републиканската партија на Трамп е против истражување на ембрионални матични клетки и повикува на забрана за федерално финансирање на такви истражувања.

Трамп веќе ги ограничи ваквите истражувања во 2019 година кога неговата администрација финансирање на научници кои работат на студии од тој тип.

„Го запревме федералното финансирање на истражување на ткиво на фетус. Заземаме став пред лобистите за абортус како никогаш досега“, рече Трамп на почетокот на оваа година.

Портпаролката на „Regeneron Pharmaceuticals“, Александра Боуви, изјавила дека компанијата спорните клетки HЕК-293Т не ги смета за ткиво.

„Клетките слободно се делат во лабораторија и не сметаме дека оние што денес ни се достапни се ткиво на фетус, и инаку не користевме фетално ткиво“, рекчла Боуви.

Развојот на коктелот со 450 милиони долари го поддржа Barda, институција во рамките на тамошното Министерство за здравство, задолжена за истражување и развој во биомедицината. Не е достапен за јавноста и досега е тестиран само на 275 лица.