Дваесет и двегодишната манекенка Александра Севиќ не ни пoмислувала дека ќе стане еден од најбараните модели во светот.
Таа во јануари, шетајќи го своето куче во Сремска Митровица, е запрашана дали сака да работи како модел.
Понудата ѝ била дадена од познатата манекенка Агнета Азировиќ, која била на гости во Сремска Митровица кај свои роднини.
Александра рекла дека би сакала да го работи тоа, но дека нема шанси бидејќи тогаш имала 10 килограми вишок. Со помош на Агнета и модната агенција „Кристал“ таа успеа да ослабне и веќе ги освојува светските модни писти.
Во меѓувреме нејзиното куче починало, а таа му посвети тетоважа, што станува нејзин заштитен знак.