Дуа Липа ги повикa Албанците да гласаат за Џо Бајден

Дуа Липа, британска пејачка по потекло од Косово, денеска ги повика Албанците од Соединетите држави да гласаат за демократскиот кандидат Џо Бајден на претстојните претседателски избори.

На видеото на Фејсбук страницата на албанската заедница во САД, „Albanian Americans for Joe Biden“, Липа рече дека „Бајден беше со нас кога Косово се соочуваше со хуманитарна катастрофа“.

Џо Бајден беше со нас кога Косово се соочи со човечка катастрофа. Неговата вера и вербата на Камала Харис во демократијата и меѓународните институции е она што денес им е потребно на Соединетите држави и целиот свет“, рече Липа во видеото.

Со овие изјави, Липа им се придружи на бројните холивудски sвезди кои изминатиов период јавно го поддржуваа кандидатот на демократите.