Репортерите јавуваат дека трае бомбардирање на главниот град на Нагорно Карабах

Степанакерт, главниот град на ерменската горска енглава Нагорно Карабах, во саботата доцна вечерта е цел на бомбардирање и покрај прекинот на огнот које во текот на денот во принцип стапи на сила, извести репортерто на агенцијата AFP.

Седум силни детонации одекнале околу 23,30 часот по локално време предизвикувајќи силно тресење на почвата во целиот град. Веднаш потоа се огласиле и сирените за тревога, повикувајќи ги жителите да се засолнат во подрумите и организараните засолништа од воздишни напади.

Пота завладеела тотална тишина и градот потонал во целосна темнина, известува репортерот на AFP.

Дописникот на агенцијата ТАСС, пак, извести дека се слушнале најамлку 15 експлозии, а дел од нив биле во населбата Шуши.

Ова бомбардирање се случува и покрај примирјето меѓу Ерменија и Азербејџан кое околу пладнето стапи на сила, а договортено со посредување на Русија по 11 часовните преговори ноќта кон саботата, а доаѓа по двеседмичните жестоки борби за отцепениот регион Нагорно Карабах со неколку стотини жртви, меѓу кои и цивили.

Завојуваните страни уште во саботата преку денот меѓусебно се обвинуваа за нарушување на прекинот на огност на боиштето, но состојбата во текот на денот во Степанакерт било невообичаено мирно, откако градот веќе петнаесетина дена редовно беше бомбардиран од азербејџанските сили, меѓу другото и со моќни проектили. Ерменската страна притоа обвинува дека проектилите содржат забранета касетна муниција, и оти досега биле пронајдени дури 180 такви касетни бомби.