
Дневната стапка на инфекции со новиот коронавирус во Франција во саботата достигна рекордни 26.896 лица, покажуваат податоците објавени од агенцијата за следење на епидемијата Sante publique France при министерството за здравство, објавени доцна вечерта во саботата.
Ден претходно, во петокот, показателот за дневни коронаинфекции, исто така, беше рекорден со над 20.300 случаи. Станува збор за застрашувачки тренд, имајќи предвид дека дури и во време на пикот кога беа воведени строгите карантински мерки, показателот за дневни зарази не надминуваше 8.000 случаи. Со тоа, вкупниот број зарази со коронавирусот во Франција од почетокот на епидемијата во февруари изнесува 718.873 случаи.
Покрај тоа, француските здравствени власти во саботата потврдија уште 54 смртни случаи како последица од компликации предизвикани од респораторната болест Covid-19. Со тоа вкупната бројка смртни исходи се искачи на 32.684, од кои во болниците починале 21.852 пациенти.
За 24 часа, од петокот вечерта до саботата вечерта, стапката на позитивни тестови изнесувала 11 отсто. Ден претходно, пак, беше за еден процент пониска, а пред една седмица се движеше на нивото меѓу 7 и 8 отсто.
Во изминатиот седумдневен период во франциските болнци се хоспитализирани 4.999 пациенти, од кои 928 се сместени на одделите за интензивна нега.
Вкупно во цела Франција се регистрирани 1.446 жаришта на инфекцијата од кои 282 се во домови за стари лица. Во текот на саботата октриени се уште 99 жаришта на вирусот. Како зони со различни нивоа на ризик од Covid-19 се детектирани 79 од 101 департман.
Франција прогласи во саботата максимално ниво на опасност од коронавирусот во Лион, Лил, Гренобл и Сен Етјен, откако тоа претходно го стори во Париз и Марсеј, што значи и нови рестриктивни мерки во обидот да се сузбие ширењето на коронавирусот. Вчера, иато така, стапија на сила мерките со кои е претврдено затворањето на сите барови и построги здравствено-епидемиолошки протоколи во рестораните.