![grcija restoran terasa](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/grcija-restoran-terasa.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Инспекторатот, во текот на вчерашниот ден, а поради почетокот на викендот без ДДВ и заштита на потрошувачите, изврши вкупно 28 надзори и 123 контроли во трговски објекти во повеќе градови согласно Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите и Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија. При тоа изречени се мерки по Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија во три објекти во Струга, четири мерки според Законот за трговија во објекти во Скопје и две мерки по Законот за заштита на потрошувачите во Тетово, за што ќе се поведе прекршочна постапка како и постапки за прекршок по Законот за трговија во шест објекти во Скопје. Контролите ќе продолжат со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите.