Финскиот автомобилистички ас Кими Раиконен со стартот на трката за Големата награда на Ајфел во неделата на германската патека Нирбургринг влезе во историјата со 323 настапи и стана рекордер во Формула 1.
Возачот од тимот на Алфа Ромео на претходната трка за Големата награда на Русија во Сочи се израмнио со дотогашниот рекордер Бразилецот Рубенс Баричело кој извозе 322 трки, а денеска во Германија го надмина.
Четириесетгодишниот Раиконен својата прва трка ја возеше во далечната 2001 година за тимот на Заубер, а во 2007 година со Ферари ја земја титулата светски првак.
1. Кими Раиконен (Финска)* 323 трки
2. Рубенс Баричело (Бразил) 322
3. Фернандо Алонзо (Шпанија) 311
4. Михаел Шумахер (Германија) 306
5. Џејсон Батон (Велика Британија) 306
6. Фелипе Маса (Бразил) 261
7. Луис Хамилтон (Велика Британија)* 261
8. Рикардо Патрезе (Италија) 256
9. Јарно Трули (Италија) 252
10. Себастијан Фетел (Германија)* 251
Со * се означени пилотите кои сѐ уште се активни