
Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со делегација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) предводена од регионалната директорка на Западен Балкан, Жужана Харгитаи и директорот на канцеларијата во Скопје, Анди Аранитаси.
Потенцирано е дека продолжува поддршката за реализација на проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската инфраструктура, гасификацијата, како и на проекти за почитување на стандардите за заштита на животната средина и поддршка на малите и средни претпријатија.
-Беше изразена подготвеност за интензивирање на соработката во насока на унапредување на поврзаноста на регионално ниво, со соседните земји, со цел подобрување на економскиот раст и покрај здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата со КОВИД-19, информираат од Владата.
На средбата е поздравено објавувањето на Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, од страна на Европската Унија и оценето е дека регионалниот развој и соработката меѓу земјите ќе придонесе за подобрување на условите за инвестирање и отворање нови работни места.