
Полското министерство за здравство пријави во вторникот 5.068 нови случаи на зараза со коронавирусот, што е само вторпат во рамките на 24 часа бројката на коронаинфекции за надмине 5.000, додека премирот Матеуш Моравјецки поради блиски контакти со заразено лице мора да оди во карантин.
Полските власти најавија нови ограничувања за да го сузбијат ширењето на коронавирусот, откако пријавија рекорден број на заразените петти ден со ред. Мерките вклучуваат одредување посебни периоди од денот за купување за постарите граѓани, како и зголемени финансии за домовите за стари лица.
Последните податоци, кои ги објави полскокото министерство за здравство на Twitter, покажуваат дека во последните 24 часа од Covid-19 починале уште 63 лица. Земјата, која има 38 милиони жители досега од почетокот на епидемијата вкупно пријави 135.278 случаи на зараза со короанвирусот и 3.101 смртен исход.
Според официјалните податоци од вторникот, во моментов пациентите со коронавирусот заземале 5.669 болнички кревети, а за 421 од нив е вклучен респиратор, во споредбата 5.262 заразени и 404 искористени вентилатори на белите дробови ден претходно.
Полскиот премиер Матеуш Морајвецки ќе се повлече во задолжителен карантин, откако бил во конакт со лице кое е тестирано позитивно на коронавирусот, објави самиот тој во видео-порака на социјалните мрежи. Моравјецки во петокот дошол во контакт со заразениот, за кој не е објавено дали е од опкружувањето поврзано со неговата функција.
Во пораката полскиот премиер ги замолува сонародниците да се придржуваат на упатствата за справувањето со коронавируост, како што се честа дезинфекција на рацете, одржување на растојанието и носењето маски.
Правилото за задолжителен карантин во Полска трае 10 дена за оние кои не покажуваат симптоми на Covid-19. Портпаролот на Моравјецки истакна дека на премиерот не е дијагностициран корнавирусот, како и дека нема симптоми на инфекцијата.