Шведската министерка за надворешни работи Ан Линде и забележа денеска на Турција дека ја ограничува слободата на говор, бидејќи нејзиниот турски колега Мевлут Чавушоглу ја нападна политиката на Стокхолм за време на заедничката прес-конференција, која прерасна во караница.
Чавушоглу и забележа на Линде што ја повикува Турција да ги повлече своите трупи од Сирија, и ја обвини Шведска дека ги поддржува курдските екстремисти и молчи поради наводното грчко малтретирање на мигранти, кое Атина го демантира.
– Сакам да ве прашам: Со чиј авторитет и кажувате на Турција да се повлече од Сирија или ја предупредувате Турција?, праша Чавушоглу.
Тој исто така додаде дека „ако сте толку чувствителни на човековите права, зошто тогаш еднаш не ја критикувате Грција?“.
– Јас сум ваша гостинка. Не би сакала тука да водам расправа. Само се надевам дека сите во Турција ќе имаат можност да ги изразат своите ставови искрено како и вие, министре, изјави Линде на прекорот на Чавушоглу.