![Zaharieva_Osmani](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/Zaharieva_Osmani.jpg?resize=696%2C478&ssl=1)
Бугарското Министерство за надворешни работи ниту потврдува, ниту демантира дека шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева од нејзиниот македонскио голека Бујар Осамини побарала Македонија и Бугарија да потпишат нов договор сличен на Преспанскиот договор со Грција, со кој ќе се имплементираат барања на Софија за македонскиот идентитет.
Иван Димов, советник во кабинетот на шефицата на бугарската дипломатија, за АЛФА вели дека нема да ги коментираат изјавите на Мицкоски дека на средбата во Софија минатата недела од бугарска страна било побарано нивните ставови преку амандмани да станат дел од нашиот устав.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, претходно седмицава го повика Османи да даде објаснување дали вакво нешто му било посочено на средбата минатиот петок во бугарската престолнина.
Ставовите на официјална Софија во меморандумот со кој меѓу другото се оспоруваат македонскиот јазик и нација до 1945, како што вели Мицкоски, се резултат на ветувањата кои Заев им ги дал на нашите соседи уште пред изборите во 2016 година.
Османи одговори преку фејсбик статус, во кој тврди дека немало нов договор, а посетата на Софија „била позитивна“.
Премеирот Зоран Заев, пак, нема конкретен одговор дали постои барање од Софија за нови уставни измени. Рече дека не сакал да му наштети на процесот, но Владата правела „сѐ за заштита на нашите интереси, но водела сметка и за бугарските“.
Захариева минатата седмица порача дека Македонија мора да се согласи на нов национален идентитет врз основа на историската реалност.