![prespansko ezero](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/prespansko-ezero.jpg?resize=640%2C338&ssl=1)
За два сантиметра е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, водостојот на Преспанското и на Охридското Езеро е понизок од просечниот и тоа за 1,36 метри кај Преспанското и за 14 сантиметри кај Охридското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,76 метри повисоко од просечното за овој период од годината.
Зголемен водостој во однос на вчера имаат и најголем број на реките во земјава иако најчесто е понизок од повеќегодишниот просек за октомври.