
ВМРО-ДПМНЕ бара Државната комисија за спречување на корупција да ја поништи одлуката на владата за 30-годишна концесија за екслоатација на минерални суровини за семејната фирма „Еленица“ на Заеви и конечно да застане на патот на високата корупција.
– Феудалецот Зоран Заев си ги приграбува државните ресурси, државните богатство, за себе и за семејните фирми. И тоа го крие од јавноста. Одлуката на владата на Заев за давање на минералните суровини на 30 години на фирмата „Еленица“ на бате Вице и на бате Трајче, ја нема во соопштението од владината седница, туку одеднаш се појавува во „Службен весник“. А за таа седница, внимавајте владата соопштува дека се зборело за спречување на корупцијата. Каква фарса! – изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Партијата смета дека ДКСК има чиста позиција да донесе одлука за поништување на оваа долгорочна концесија и дека не смее да се крие зад формалности.
– Министрите во владата донеле одлука, гласаат да му удоволат на шефот што таму ги поставил. Тоа не е приватна седница, тоа е седница на влада на Македонија, седница на владата на премиерот Зоран Заев.
Со доделување на концесијата, Заев става рака на државното богатство среде мандат, чист феудализам. И тоа за период од 30 години – изјави портапролот Стопилковски и додаде дека доделување концесија за братот, за семејната фирма на бате Вице и бате Трајче, е врв на корупцијата.