Земјите во ЕУ повикуваат да се „спречи сеопшт карантин“ поради коронавирусот

Европската комисија за здравство Стела Кирјакидес ги повика челниците на Европската унија кои во четвртокот учествуваат на смитот во Брисел да „сторат сѐ што е потребно“ за да се „спречи сеопштиот карантин, а челниците на Европската комисија повика да договорат правилата за изолација и тестирање.

„Мојата првата порака на земјите членки денеска е пораката од итно дејствување. Немаме време. Сите мораме да сториме сѐ што е неопходно за да ги спречиме разорните последици од сеопшт карантин од општествен, економски и здравствен аспект“, рече еврокомесарката за здравство Стела Кирјакидес на прес-конференцијата во моментот кога европските земји поради ширењето на коронавирусот ги заоструваат епидемиолошко-санитарните мерки.

Кирјакидес изрази „голема загриженост“ поради „сѐ побрзиот раст на стапката на коронаинфицираност ширум ЕУ“, во прв ред од растот на бројот на хоспитализициите, потешките форми на болеста и бројот на смртните исходи предизвикани од компликациите од Covdi-19.

„Мораме да се подготвиме за следните чекори. Нема да можеме да направиме пресврт на трендот од денеска за утре, дури ниту со вакцината, но сите мораме да бидеме подготвени“, додаде еврокомесарката изнесувајќи го предлогот на ЕК за координирање на стратегијата за вакцинирањето.

Европската комисија има досега потпишани шест договори со фармацевтски компании за да резервира стотици милиони дози од идната вакцина.

Комисијата им препорачува на земјите членки на ЕУ предност при вакцинацијата да им дадат на ранливите општествени групи, како што се здравствениот персонал, установите за нега на стари и немоќни лица, лицата над 60 години, на хронично болните, работиците во важните јавни служби, оние кои не можат да оддржуваат физичко растојание и на сите на коишто се ускратени во социјална и економска смисла.

Одговарајќи на новинарско прашање кога вакцината ќе биде на располагање, еврокомесарката за здравство рече дека не сака да нагаѓа.

„Првата вакцина ќе може да биде на располагање до почетокот на новата година, но тоа зависи од податоците од третата фаза на испитување и од оцената на Европската агенција за лекови кои за нас е најважна“, рече Кирјакидес.

На заедничките правила за каранатин и тестирање за да се прекине конфузијата повика и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен. Според неа, состојбата во Европа станува загрижувачка, но земјите од ЕУ барем се договориле за заедничкиот систем на „семафор“ кој им укажува дали патниците доаѓаат од безбедни или од ризични региони.

„Мислам исто така дека е потребно да се постигне договор за време на изолацијата или потребата од тестирање. И притоа ги повикувам сите вклучени да се изнајде договор. Тоа е важно“, рече Фон дер Лејен за новинарите пред почетокот на дводневниот самит на челниците на ЕУ.