
Дводневната операција за неутрализирање на британската сеизмичка бомба од Втората светска воја заврши со спектакуларна експлозија, јавуваат полските медиуми, пренесува РТС.
Бомбата е неутрализирана и повеќе не претставува опасност за пловилата. Нуркачите биле надвор од опасната зона – изјавил за полските медиуми портпаролот на морнарицата Грегорж Левандовски.
Џиновската сеизмичка бомба долга е шест метри и тежи 5,4 тони, од кои половина отпаѓа на експлозивот. Исфрлена е од британскиот бомбардер „Ланкестер“ во текот на акцијата против германскиот воен брод „Луков“.