
Утрово, министерот за здравство Венко Филипче имаше средба со студентите од шеста година по општа медицина кои ќе им помагаат на епидемиолозите во спречувањето на кризата предизвикана од ковид-19.
– Спремни да помагаат! Утрово се сретнав со студентите од шестта година по општа медицина кои ќе помагаат во битката со ковид-19 – напиша Филипче на социјалните мрежи.
Тој додаде дека му е многу ми е мило што идните здравствени работници се толку свесни и ја препознаваат својата важна општествена улога во моменти на криза.
– Нивниот придонес е многу значаен, им посакувам успешна работа – вели Филипче.