
Нов рекорден број на новозаболени од коронавирус во последните 24 часа бележи Германија каде регистрирани се 7.334 случаи.
Германскиот државен Институт „Роберт Кох“ објави дека ова е рекорден дневен број на заболени од почеток на пандемијата, а вкупниот број на заболени лица во земјата изнесува 348.557.
Во Германија регистрирани се и нови 24 смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот број на починати лица е 9.734.
Како оздравени од почеток на пандемијата се водат 287.600 пациенти.
Германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост поради се поголемиот број на случаи со коронавирус.
-Нашиот здравствен систем, но и економијата не може да издржи втор бран на коронавирус, изјавила Меркел.