
Француски дистрибутер „Карфур“, соопшти дека купува 53 супермаркети од брендот „Била„ на германската групација „Реве груп“ кои се наоѓаат во северна Италија (Ломбардија, Лигури и долината Аосте).
Вкупната продажна површина на супермаркетите е 58 илјади квадратни метрикои во 2013 година оствариле нето продажба од 300 милиони евра.
Аквизицијата, како што соопшти „Карфур“, е во согласност со стратегијата и ќе им овозможи зајакнување на присуството на францускиот дистрибутер во северниот дел на Италија.
Трансакцијата, за која не се соопштува колку ќе го чини францускиот дистрибутер, е предмет на одобрување на релевантни антимонополските власти и консултации со претставниците на вработените на супермаркетите „Била“.
„Карфур“ е втор најголем дистрибутер на светот и најголем во Европа. Присутна е во 34 земји со повеќе од 10.000 продавници. Во Италија поседува 1.116 продавници.