
Националистичкиот претседателски кандидат Ерсин Татар, кого го поддржува власта во Анкара, победи на претседателските избори во неделата во самопрогласената Турска Република Северен Кипар, што се претставува како успех на Турција во контекстот на тензии поврзани со турските енергетски проекти во источното Средоземје.
Според податоците на изборната комисија, со 51,60 отсто од гласовите Ерсин Татар ќе го замени досегашниот претседател Мустафа Акинчи, кој е во лоши односи со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Сторици поддржувачи на Татар, се собраа на улиците по прогласувањето на резултатите од изборите.
„Им се заблагодарувам на кипарските Турци кои вечерва ме избраа“, изјави Татар заблагодарувајќи му се на Ердоган и го осуди оние „кои ја користеа Турција како изборен аргумент“. Повика на обединување на заедницата на кипарските Турци „која заслужува суверенитет“.
Акинчи му честиташе на победата на својот противник и „на оние кои придонеле за овој резултат“. „Знаете што се случи во текот на ови избори“, рече алудирајќи на тирските интервенции и додаде дека „не сака за тоа да политизира“.
Официјална Анкара средечно ја поздрави победата на нејзиното политичко протеже на Кипар.
„Заедно ќе работиме на осигурувањето на просперитетот, развојот и безбедноста на кипарските Турци. Заедно ќе ги браниме легитимните права и интересите на Северен Кипар и источен Медитеран“, напиша на Twitter турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Ердоган, исто така, му честиташе на Татар и му вети поддршка од Турција.
Одѕивот на изборите изнесувал 67,29 отсто, односно три процентни поени повеќе одколку во 2015 година, без оглед на пандемијата на новиот коронавирус. Околу 199.000 избирачи од 300.000 жители имаа право на глас.