Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, МВР на територијата на град Скопје изрече вкупно 273 казни.
Од вкупниот број казни, 31 се за возење без возачка дозвола, 50 се за пречекорување на дозволената брзина на движење, а 31 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 15 мерки за неносење на сигурносен појас, 25 мерки за непрописно паркирање, 16 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 49 казни за неносење на заштитна маска.
МВР потсетува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.