Американската влада подигна тужба против Google

Американското министерство за правосудство и 11 американски сојузни држави поднесоа во вторникот тужба против технолошкиот гигант Google, тврдејќи дека ја користел доминантната позиција на пазарот за да ја задуши конкуренцијата.

Компанијата Google, чијшто интернет пребарувач е толку сеприсутен штo од неговото име е изведен глагол, минатата 2019 година остварил приходи од 162 милијарди долари, што е поголем од, на пример, унгарскиот бруто домашен производ (БДП).

Државните обвинители во сите 11 сојузни држави кои се приклучиле на тужбата, се републиканци, забележува агенцијата Reuters.

Од Google веднаш не одговориле на барањето на агенцијата да ја коментираат тужбата.

Таа е подигната две седмици пред американските претседателски избори, па Reuters наведува дека би можелo да се смета како политички гест, исполнувајќи го ветувањето на претедателот Доналд Трамп дека некои компанiи ќе одговараат за задушувањето на конзервативните гласови на интернет.

Познат како жесток критичар на Google, републиканскиот сенатор Џош Хоули, ја обвини компанијата дека ја блокира владата со „илегални средства“, а тужбата ја смeта „најважен случај во борбата против кршењето на пазарната конкуренција во генерацијата“.

Од FTC уште пред седум години покренаа истрага против Google, поради сомневања дека при објавувањето на резултатите од пребарувањето ги фаворизира своите производи. На крајот по сугестија на своите адвокати, се откажа.

Со слични правни предизвици Google се соочи во странство. Европската унија во 2018 година изрече казна за висина од 1,7 милијарди долари, затоа што на интернет страниците не дозволувал пребарување по огласувачи преку други пребарувачи.

Претходно во 2017 година на Google му беше изречена казна од 2,6 милијарди диолари затоа што ја истиснувал конкуренцијата во услугата за споредување на цени на интернет, и дополнителни 4,9 милијарди долари поради блокирање на конкуренцијата на мобилниот оперативен систем Android.