Пет руски компании ќе ја произведуваат вакцината „Спутник V“

Пет руски компании активно работат на подготовка за производство на вакцината против коронавирусот „Спутник V“, изјави директорот на Рускиот фонд за директни вложувања, Кирил Дмитриев за првиот канал на руската државна телевизија.

Како што се прецизира во соопштението на службата за односи со јавноста на Фондот, вакцината ќе ја произведуваат компаниите „Биннофарм“, „Р-Фарм“, „Биокард“, „Генериум“ и истражувачкиот центар „Гамалеј“.

„Имаме пет компании кои планираат производство на вакцината во блиска иднина и во согласност со тоа многу активно работат на нагло зголемување на капацитетите. Мислам дека тоа ќе го видиме веќе следниот месец“, а во декември уште повеќе“, изјави Дмитриев.

Претходно Фондот извести дека од разни земји во светот добиле барања за вкупно повеќе од 1,2 милијарди дози од вакцината „Спутник V“.

Препаратот „Спутник V“ е првата регистрирана вакцина против новиот коронавирус SARS-CoV-2. Ја произведе институтот „Гамалеј“ врз база на веќе познати платформи за препарати за ваков сој вируси, а кон средината на август ја доби потврдатата за регистрација од Министерството за здравство на Руската Федерација.

Западната научна заедница со резерва ја прими веста за руската вакцина, критикувајќи недостатност од ипитувања пред употребата. Русија во меѓувреме регистрираше уште два препарата кои се претенденти да станат вакцина против коронавирусот кои се развиваат на поинаков концепт од „Спутник V“.

 

Големите клинички испитувања на „Спутник V“, односно третата фаза од тестирњето со најмалку 40.000 испитаници, во Русија беше започната кон крајот на авгуист, но сѐ уште не се потполно завршени.