Во БиХ нов дневен рекорд, речиси илјада нови коронаинфекции

Дневниот борј на заразени со новиот коронавирус во Босна и Херцеговина во четвртокот продолжува да се зголемува и потврдени се речиси илјада нови случаи додека 20 луѓе кај кои бил откриен вирусот SARS-CoV-2 починале во изминатите 24 часа.

Од средата биле тестирани повеќе од три илјади примероци, а заразата е потврдениа кај 606 лица од Федерацијата БиХ и кај уште 387 луѓе од Република Српска. Уште шест заразени имало во дистриктот Брчко, па вкупната бројка новозаразени во четвртокот е 999 лица.

Ентитетските заводи за јавно здравје известија дека од средата во Федерацијата БиХ починале 17 лица, а во Република Српска уште три лица.

Поголемите градови и натаму се најголемите жаришта на инфекцијата, па така во Сараево се регистрирани 147 нови случаи, во Бања Лука – 127 и во Мостар 73 случаи.

Поради ширењето на заразата на главниот град на земјата, министерството за здравство на Сараевската жупанија реши до крајот на октомври наставата во средните училишта да се одвива онлајн.

Во сараевската Клиника за белодробни болести, која е наменета исклучиво за пациенти кај кои е дијагностициран Covid-19, во моментов има 62 пациенти, а вкупниот капацитет е 100 пациенти. Во Клиничкиот центар во Бања Лука во моментов има 125 заболени, а во мостарскиот Клинички центар се згрижени 42 пациенти со потешки симптоми.

Во цела БиХ во моментов има повеќе од 9.500 активни случаи на заразата со коронавирусот. Досега починало 1.051 лице кај кое е потврдена заразата.