
Претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски го напушта Собранието. Тој оваа вест, ја соопшти на социјалната мрежа Фејсбук, доцна вечерва.

„Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат“, напиша Дурловски.
Дурловски вели дека тоа што го зборувал не можел да го направи, но како што вели тој „сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам“.