
Кошаркарите на Црвена ѕвезда излегоа како победници од највозбудливот меч кој оваа вечер се одигра во Евролигата.
„Црвено-белите“ го пречекаа рускиот гигант ЦСКА Москва и по една голема борба која донесе и продолжение славеше со 86-84. Џордан Лојд беше човек на одлука, тој ги постигна поените за дополнителни минути, а потоа и оние решавачки за славје на Ѕвезда.
Токму Лојд со 31 поен и 6 скокови беше најдобар поединец, поточно ја доби битката со Хекет кој на спротивната страна реализираше 29 кошеви, 5 скокови и 3 асистенции.
Валенсија го пронајде решението за Жалгирис и му го нанесе првиот пораз на клубот од Литванија во елитното натпреварување (94-82). Како клучна се покажа третата четвртина која шпанскиот прволигаш ја реши со 30-12 со што го презема водството и не го испушти до самиот крај.
Маринковиќ и Дубљевиќ со по 16 поени беа први стрелци, кај Жалгирис по 12 поени уфрлија Рабит и Григонис.
На последната средба Панатинаикос го доби Фенербахче со 82-68.