
На 22.10.2020 во 17,15 часот било пријавено дека на пругата помеѓу железничката станица „Радуша“ и железничката станица „Јегуновце“ се случила незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево и товарно моторно возило “форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(44) од Тетово. Во незгодата возачот и сопатникот М.А.(56) од Тетово се здобиле со повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид наместото на настанот.