
Огнено и ладно оружје било користено во пресметка во четвртокот квечерината во скопското село Кондово меѓу две семејства поради меѓусебни влошени односи, при пто повредени се две лица, информираше Министеството за внатрешни работи.
Вчера во 18,03 часот било пријавено дека во селото Кондово бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка еѓу членови на две семејства.
Според пријавеното, во дворот од куќата сопственост на 45-годишниот Т.Ф. дошле браќата Ф.Љ. С.Љ. и Ф. Љ. и физички го нападнале сопственикот, а потоа и неговиот врсник С.Ф., 21-годишниот Р.Ф. и 15 годишен малолетник.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и бил пронајден нож, како и две чаури за кои Т.Ф. посочил дека биле испукани од пиштол од страна на Ф.Љ.
Подоцна вечерта, околу 21 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив биле донесени С.Љ. и Ф.Љ. со повреди од остар предмет, информира МВР.
Се работи на целосно расчистување на случајот.