
Македонската женска фудбалска репрезентација доцна синоќа во Орлеан претрпе убедлив пораз од домаќинот Франција со 11:0 (полувреме 5:0).
Ова беше седми натпревар за избраничките на селекторот Кирил Изов во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Македонската репрезентација на мечот настапи без своите два најдобри фудбалерки Наташа Андонова и Гентјана Рочи кои настапуваат во Шпанија, односно Финска.
„Црвено-жолтите“ по седум натпревари во Г-групата имаат три бода и се на претпоследното, 5 .место.
Французинките се први со максимални пет победи.