Заев: Новиот лидер на СДСМ ќе се бира на внатрепартиски избори

СДСМ е првата партија во нашата земја која на следниот Конгрес својот лидер ќе го бира на директни внатрепартиски избори,  рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешниот дигитален партиски Конгрес.

Тој ги нагласи и новиот статутарни измени во партијата.

– Непосредно секој член ќе може да гласа и директно да одлучува кој и како ќе ја води партијата. Таквите избори е планирано да се одржат следната пролет кога и истекува мандатот на актуелното раководство. Сакаме да обезбедиме уште поголема демократизација, инклузивност и позитивна трансформација на партијата и на органите на СДСМ – рече Заев.