
Министерството за економија ќе започне нов проект од областа на заштитата на потрошувачите.
Проектот насловен како „Хармонизација на законодавството и градење на капацитетите во областа на заштитата на потрошувачите“ ќе се реализира со средства од ИПА фондовите во вредност од 1.330.000 евра.
Проектот на прес-конференција ќе го презентира министерот за економија Беким Незири.