
Зоран Гапиќ како долгогодишен Генерален секретар на Македонскиот Олимписки Комитет, покажа дека е еден од најупатените во состојбите со спортот во Македонија.
Пред да замине од функцијата, предупреди за опасностите со кои се соочува македонскиот спорт.
Овие денови е актуелен нов конкурс за избор на нов претседател на МОК. Како што веќе објавија медиумите, едниот кандидат е поранешен советник на премиерот Зоран Заев, а негов противкандидат е една претседателка на спортска федерација.
Гапиќ во изјава за КУРИР вели дека не треба да се потенцираат кандидатите како политички личности, или кој ги поддржува. Оценува дека тоа е штетно.
-Тоа било и со години наназад многу штетно за сите. Важен е нивниот профил. Мислам дека и двајцата немаат искуство потребно за Претседател на МОК. Нормална процедура е да се наследникот (наследниците), подготвуваат подолго време за превзимање на таа функција. Посебно за меѓународната соработка, која е многу битна. Важна е предиспозицијата и харизмата, која е и неопходна. Потребно е да се видат програмите, јавно, за позицијата на МОК, дома, соработката и законите кои даваат можност да МОК биде фактор и во спортот и во образованието и во културата и во здравствениот систем. Специјално за младите. И што е најважно, дали кандидатите имаат потенцијал да ги спроведат. Мислам дека Саше Поповски има добри потенцијали, истакна тој во изјава за КУРИР.
Кои се двајцата официјалните кандидати?
Даниел Димевски ѝ е добро познат на јавноста. ДКСК водеше постапка за него во времето кога беше советник на Зоран Заев во Владата. Користејќи ја својата моќ во Владата, Димовски за себе си го придоби спортскиот центар Кале.
Сето тоа го знаел Зоран Заев, а сепак ја одобрувал таа намера за кршење на законот на неговиот советник, што можеби и го прави соучесник затоа што не го спречил.
Александра Војневска Зикова е веќе 3 години претседател на Советот за спорт при Агенцијата за млади и спорт и веќе 1 година е претседател на Атлетската федерација на Македонија. Во периодот од 2017 до 2019 додека е претседател на Советот за спорт при АМС на Атлетската федерација Војнеска ѝ доделила околу 10 милиони денари. За само една година додека има двојна функција сама на себе си префрла двојно повеќе пари, односно околу 20 милиони денари.
Каде и како завршиле над 20 милиони денари во оваа кризна ситуација на корона криза, само Војневска може да соопшти.