Ѓоковиќ го собори рекордот на Надал

Новак Ѓоковиќ го сруши рекордот меѓу тенисерите постари од 30 години по бројот на недели минати на врвот на АТП листата.

За Ѓоковиќ е ова 69. недела на врвот по 22. мај 2017 година кога го прослави својот 30-ти роденден. Од врвот го тргна Рафаел Надал кој со 30 години беше 68 недели број 1. На третото место во клубот „30+“ е Андре Агаси со 33 недели на првото место, а Роџер Федерер по 30-от роденден минал само 25 недели на врвот.

Српскиот тенисер вкупно 292 недели „преседал“ на врвот на АТП листата и поради големата предност на актуелната листа во однос на второпласираниот Надал и третопласираниот Доминик Тим сосема е извесно дека до март следната година ќе го сруши и рекордот на Федерер од 310 недели во улогата на светски тенисер број 1.