Единаесет нови случаи на Ковид-19 се регистрирани денеска во Кавадарци, а помеѓу нив е и дете на возраст од една година, кое според Центар за јавно здравје Кавадарци, не одело во градинка, дознава Фокус.
Највозрасниот пациент од новозаразените има 61 година.
-Еден маж е хоспитализиран на приватна клиника во Скопје, а имаме и почината жена на возраст од 65 години. Таа била хопситализирана на Ковид-19 одделението во кавадаречката болница, и починала на пат кон болницата во Скопје. Покрај тоа што била позитивна на вирусот, имала и други заболувања – велат од центарот.
Во Кавадарци бројот на активни случаи се искачи на 183, а во Неготино активни се 62 случаи на вирусот.
Капацитетот е 23 легла, а се размислува и за негово проширување, во зависност од текот на состојбата со ширењето на вирусот.