Во договорите со Грција и Бугарија власта остави отворени прашања, како и да не се потпишани

Новинарот и политички коментатод на ТВ Алфа, Горан Момировски, во своето гостување во емисијата „Само систина“ на Канал 5 зборуваше за Договорот со Бугарија и притоа посочи дека може да се случи истото со Преспанскиот договор каде што нема да се знае што е потпишано од страна на власта.

„Да потсетам на изјавата на (премиерот) Зоран Заев од пред неколку дена кога рече дека тоа што се бара од стана на Бугарија е неприфатливо, а не кажа што е тоа се бара и мене ми влева страв. Петпоставувам дека се работи за Гоце Делчев дека ќе биде прогласен за бугарски јунак опција која ја спомнаа неколку члена на комисијата“, рече Момировски.

Потсети дека од Софија можеле да се слушнат предупредувањата дека само со договорот со Грција не се решени проблемите и оти тој не значи и отворање на патот кон Европската унија.

„Северна Македонија е нешто друго, но поврзано со тој пакет тоа го кажа и поранешниот бугарски претседател кој рече дека името Северна Македонија не е прифатлива за Бугарија. На македонската страна ѝ било кажувано цело време додека се потпишуваше Преспанскиот договор, дека Бугарија има сериозни забелешки за тој проблем. Сега слушаме овде дека со договорот ништо не е решено, не ни е отворен патот кон ЕУ, понижени сме целосно, македонски јазик не смее да има во договорот за ФРОНТЕКС, Бугарија блокира договор за ФРОНТЕКС во Брисел на јужната македонска граница за мигрантите“, рече Момировски.

Во своето гостување додаде дека тој од ниту еден државен функционер не слушнал да рече што е тоа не можат да се согласат на тоа што го бара Бугарија и да кажат што точно е тоа.

-Од ниту еден од државните функционери не слушнав да рече не може да се согласиме на тоа што го бара Бугарија и да каже што е тоа. Ние не знаеме практично што се случува и се плашам ќе ни случи тоа што се случи со Преспанскиот Договор, ќе биде потпишан, а нема да знаеме што сме потпишале, кажа Момировски.