
Министерот за здравство, Венко Филипче по денешниот состанок на Советот за безбедност изјави дека има доволно болнички легла и кадарот е подготвен.
-Болнички капацитети има доволно, целиот Клинички центар е во ситуација на мобилизација. Утрово имав состанок со директорите на сите интерни клиники и на списокот се сите лекари и медицински сестри и по потреба ќе бидат ангажирани во доплнителните капацитети. Најпрво со оглед на тоа што капацитетот на модуларната болница е речиси исполнет, Институтот за белодробни заболувања и доплнителни болнички легла во Клиниката за дерматологија и Клиниката за неврологија. Во рамките на другите болници целосно се ослободени интерните одделенија, како и Болницата „8 Септември“. Никој од граѓаните нема да остане без здравствена заштита и без услуга. Мерките кои ги предлагаме и кои се изгласани, се сите оние кои важат во цела Европа – рече Филипче.