Во текот на 2013 година во судирите ширум светот регрутирани се повеќе од 4000 деца војници, соопштиле ОН на основа на собраните докази, напоменувајќи дека, според проценките, на армиите и бунтовничките формации им се придружиле уште илјадници деца.
Во годишниот извештај на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за деца во вооружени судири, кој е објавен вчера, на „списокот на срамот“ е додадена злогласната нигериска исламистичка бунтовничка организација Боко Харам , пренесува АП.
На таа листа се наоѓаат осум регуларни рамии и 51 параовоени вооружени формации кои регрутираат, користат, убиваат, сакатат, сексуално злоставуваат или силуваат деца во вооружени судири или напаѓаат училишта и болници.
Во текот на 2013 година диминирало регрутирањето и користењето на деца во вооружени конфликти, а оние кои злоупотребуваат деца, особено оние кои вршат сексуално насилство над нив, обично се соочуваат со правдата, се заклучува во извештајот.