![daniel dimevski so cile tupurkovski MOK sobranie 2020](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/daniel-dimevski-so-cile-tupurkovski-MOK-sobranie-2020.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Новиот претседател на Македонскиот олмписки комитет (МОК), Даниел Димевски, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ изјави дека смета оти во спортот не смее да има политика, што сега е присутна како и во секоја општествена сфера во Македонија е присутна политиката.
-Нам што сме во спортот јасно ни беше дека е веќе подолго време е акумулиран еден антагонизаз помеѓу МОК и повеќе претходни раководства во Агенцијата за млади и спорт. Јас не се сеќавам кога постоела некој синергија помеѓу овие две тела. Ова е хронична болест која го тиштеше нашиот организам. Гангренозното ткиво кое го мачи македонскиот спорт се недоволно јасните и прецизни процедури. Целата концентрирана моќ е во Агенцијата, во едно мало тело кое го води еден ист човек 20 години кој е во лоши персонално односи со раководствата од МОК. И нам ни се случи тие интерперсонални несогласувања да ни се преточат и да ја загрозуваат целата организација две декади – вели Димевски.