Вакцината првично нема да биде достапна на глобално ниво, туку само за најранливите групи и здравствените работници кои се во директен контакт со заразените. Тој рече дека вакцините ќе им бидат доставени до католичкиот Божик
-Во фаза три, бројот на луѓе е проширен на 30.000 со оксфордската вакцина, изјави Рамадан за ХРТ.
Тој изјави дека и постарите луѓе ќе бидат заштитени.
-Сега чекаме податоци за ефикасноста на вакцината во спречување на заболување од ковид. Постојат 2 параметри што сакаат да ги постигнат со вакцината, а тоа е да заштитат од најтешките форми на болеста и од морталитет, коментира Рамадан, додавајќи дека фазата 3 покажала дека и постарите луѓе даваат имунолошки одговор на вакцината.
Според сите параметри, вакцината најверојатно ќе ја заштити постарата популација од тешки инфекции, коментира тој.
Тој додаде дека вакцината првично нема да биде достапна на глобално ниво, туку само за најранливите групи и здравствените работници кои се во директен контакт со заразените. Тој рече дека вакцините ќе им бидат доставени до католичкиот Божик.
-Вакцината е подготвена, не е штетна и создава имунолошки одговор и може да се започне со вакцинација. Останува да видиме дали има ефект да нè заштити од тешкиот развој на болести и смрт, рече Рамадан.
Тој потенцираше дека првата вакцина нема да биде совршена, но важно е да се надмине оваа тешка состојба и да се ублажат последиците од болеста.