
3️⃣ конкретни предлози за помош на студентите, средношколците и основците во ова време на пандемија:
Почитуван колега Адеми, ги споменавте само ставките каде што има благо покачување, се осврнавте на тоа дека со релокацијата на овие средства се поддржуваат студентите и учениците и каде се зголемува Буџетот во образовниот систем, па еве јас да Ве надополнам:
⚠️ Со Ребалансот, власта скрати 2️⃣1️⃣ милиони евра од ставките за образование.
Само од парите наменети за образовниот систем на основците, се кратат 5️⃣ милиони евра.
2️⃣, 2️⃣милиони евра во средното образование.
⚠️ Скратени се и парите наменети за реконструкција на студентските домови. Тука нема да зборувам за ветениот студентски град уште во 2016 година за кој не е ниту лопата фрлена, туку ќе продолжам понатаму.
⚠️ На нож оди и изградбата на објектите на ФИНКИ и ФФК. Овде се оди до таму, да скратени се и претходно планираните средства за оваа намена. И не само овие два факултети кои се вечни потстанари, минусирани се цели 1️⃣1️⃣, 6️⃣ милиони евра наменети за функционалното образование на академскиот граѓанин.
☝️ Со ваквиот Ребаланс и ваквото неодговорно и деизонрентирано владеење, власта продолжува да го дотепува системот што треба да ја гради Република Македонија.
❗Почитувани, треба да си подадеме рака и да работиме на мерки кои реално ќе го подобрат животот на студентите, но и на учениците, па во таа насока, јас би ви предложил 3 мерки:
4️⃣0️⃣. 0️⃣0️⃣0️⃣ ученици не можат да си дозволат да ја следат онлајн наставата, затоа ви предлагаме привремено да им се дадат на користење компјутерите од училиштата на децата си низок доход и државата да субвенционира интернет пристап, а се со цел да можат непречено да ја следат наставата.
За студентите, оние кои доаѓаат од семејства со ниски примања, да им обезбедиме ваучер од 1️⃣2️⃣. 0️⃣0️⃣0️⃣ денари за купување на електронски уреди, исто така за да ја следат наставата.
За основците, оние кои посетуваат физичка настава, да им обезбедиме топол оброк до крајот на учебната година.
➡️ Еве конкретни предлози кои што се надевам дека ќе ги земете во предвид за Буџетот за 2021 година и реално да помогнеме во образовниот процес во ова време на пандемија.
Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.