Бројот на загинатите во земјотресот со магнутида околу 7 по Рихерт кој погоди Егејот во петокот во близина на западниот турски туристички центар Измир предизвика најмалку 12 жртви а бројот на повредените достигна 419 луѓе соопшти турската агенција за вонредни состојби и природни катастрофи.
Земјотресот чиј епицентар беше во морето околу дваесеттина кулометри и на длабочина на десетина километри во Егејското Море јужно од градот Измир на западниот турски брег се случи во 11.50 часот по локално време.
Тресењето на почвата предизвика и мини цунами кое ги поплави деловите од грчкиот остров Самос и центарот на градот Сеферихисаре, 50-ина километри јужно од турски Измир.
Седумнаесетгодишни момче и девојка загинале на Самос, во градот Вати, кога на нив се урнал ѕид од куќа, јавуваат грчките медиуми. Во болницата на островот биле префрелни досега осум лица, соопштија грчките власти.
Турската Агенција за вонредни состојби и природни катастрофи во петокот вечерта соопшти дека досега се откриени 12 жртви на потресот, а дека бројот на лицата кои добиле медицинска помош поради разни повреди се искачил на 419 луѓе.
Се истакнува дека спасувачките екупи работата на урнатините на 17 згради во Измир. Претходно беше објавено дека од под уранатините биле извлечени повеќе 70 лица.
Подоцна агенцијата Anadolu соопшти дека турскиот брег на Егејот бил погоден од уште еден потрес со магнитуда од 5,1 според Рихтер. Епицентарот на овој земјотрес е лоциран на околу 20 километри од областа на туристичкиот град Кушадаси вопровинциојата Ајдин, на југозападот од Турција, или 74 километри од Измир. Засега нема информации за последици од овој потрес.
Турската агенција за управување со катастрофи и кризи објави дека земјотресот имал магнитуда 6,6 по Рихтер, додека американската геолошка служба USGS извести за магнитуда од 7.0.
Епицентарот на потресот бил на околу 17 километри од брегот на Измир на длабочина од 16 километри, според турските извори, додека според американската служба бил на 33,5 километри од турскиот брег и на длабочина од 10 километри.