Македонија го мина прагот на 30.000 коронаинфекции, официјалните податоци зборуваат за 934 нови зарази и пет смртни исходи

Во последните 24 часа со 2.748 тестирања, регистрирани се рекордните 934 нови случаи на зараза со коронавирусот, со што вкупната бројка коронаинфекции од крајот на февруари со искачи на 30.488, соопшти во петокот вечерта Министерсството за здравство.

Во последното деноноќие оздравени се 454 пациенти, а починати се пет.лица. Заедно со овие податоци, од март кога е потврден првиот смртен исход од Covid-19 во земјата, досега се забележани 982 починати пациенти. Оздравени се, пак, досеега 20.448 пациенти.

Во моментов активни се 9.058 случаи на заразата, од кои речиси половината или 4.283 случаи се во главниот град Скопје.

Од починатите пет лица, тројца се пациенти од Скопје на 58, 68 и 75-годишна возраст, и двајца од Прилеп на 73 и 78 години. Сите се починати во болнички услови.

Вo изминатите 24 часа во болниците се хоспитализирани педесетина лица.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 113 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 позитивни и 6 суспектни деца на Covid-19 и 18 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во скопската Градска општа болнциа „8-ми Септември“ има 11 приеми, а вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респиратор се 2 пациента.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 67, а во болницата во Штип се 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 315 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

 

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 13.174, активни 4.283
• Куманово 2.244, активни 379
• Дебар 336, активни 58
• Штип 1.645, активни 250
• Прилеп 1.290, активни 449
• Тетово 2135, активни 507
• Струга 819, активни 101
• Велес 721, активни 335
• Битола 670, активни 265
• Охрид 698, активни 232
• Кавадарци 490, активни 208
• Гостивар 1.181, активни 185
• Гевгелија 370, активни 172 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 55 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 876, активни 484
• Крива Паланка 232, активни 83
• Радовиш 230, активни 75
• Крушево 27, активни 7
• Кочани 706, активни 224
• Пробиштип 192, активни 57
• Демир Хисар 82, активни 16
• Македонски Брод 104, активни 8
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 209, активни 49
• Валандово 102, активни 38
• Виница 177, активни 67
• Делчево 246, активни 115 (59 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 50, активни 20
• Свети Николе 481, активни 86
• Кичево 551, активни 161
• Ресен 244, активни 60
• Неготино 146, активни 76 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.748 теста се преку: ИЈЗ-817, ЦЈЗ Скопје-132, Авицена-522, Биотек-280, МАНУ -221, Жан Митрев (Филип Втори) -301, Систина со PCR метода -175, лабораторија Лаор –137, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-81, Инфективна клиника-7, ГАК-0, Синлаб-60, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 246.105 тестирања на Ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 216
• Гази Баба – 562
• Аеродром – 759
• Карпош – 627
• Центар – 561
• Кисела Вода – 557
• Ѓорче Петров – 369
• Бутел – 205
• Шуто Оризари – 40
• Студеничани – 20
• Сарај – 32
• Арачиново -9
• Илинден – 85
• Сопиште – 37
• Чучер Сандево – 23
• Петровец –28
• Зелениково -14
• Странец – 33
• Нераспределен- 106

.